Етнокореолозите да се вклучат во центрите и домовите за култура

Од:

Етнокореолозите да се вклучат во центрите и домовите за култура – работен состанок на оваа тема се одржа денеска во Неготино. Се разгледуваше Предлог-стратегијата за вклучување на етнокореолозите во функционирањето на центрите и домовите за култура, музеите, државните фестивали и семинари.

Присуствуваа етнокореолози или стручни лица кои се занимаваат со изучување на македонската традиција и македонските традиционални ора, претставници на Министерството за култура и културните домови и центри.

– Од пред неколку месеци изготвивме Стратегија за вклучување на етнокореолозите во културната дејност во државата. Ја имаме поддршката од Министерството за култура и веќе во центри за култура се вметнуваат во систематизација и програма вакви кадри. Целта е зачувување на традицијата и македонскиот фолклор, рече за МИА Александар Арсов, член на Здружението на етнокореолози на Македонија.

Плодна работа и остварување на целите на Здружението на етнокореолоз посака неготинскиот градоначалник Тони Делков.

– Колку што сум информиран, целта на оваа стратегија е да се претстави и да се запознае вистинската слика и цел на етнокореолозите во нашата држава, а наедно и да се дадат издржани и достојни аргументи зошто тие се неопходни и колкава е нивната потреба за имплементација на етнокореологијата во образованието, во институциите каде се нуди фолклорен или етнолошки оддел. Се надевам дека ќе успеете во намерата да ги остварите зацртаните цели и визии преку вклучување на етнокореолозите во центрите и домовите на култура, рече Делков.

Причина за тоа е што, како што нагласи, етнокореолозите во Македонија, за разлика од другите земји на Балканот и во светот, како научни и стручни лица не се доволно искористени со своите способности и знаења, преку кои на населението можат да му понудат едукација и подигнување на нивото на традиционалната култура на Македонија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“