„Енформелска лабораторија 2“ во Музеј на град Скопје

Од:

Во Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата  „Енформелска лабораторија 2“, дел од збирката на Родољуб Анастасов.

Ќе бидат изложени 28 цртежи од колекцијата на галеријата Јустина и Анастасов, дела од циклусот „Енформелска лабораторија“ кои досега не биле поставени во Музејот.

Времето на создавањето на овој циклус, крајот на педесеттите и првата половина на шеесеттите години од минатиот век, како што ифнормираат од Музеј на град Скопје, е критично во формирањето на македонското општество – период на освојувањето на модернитетот.

– Цртежите се дел од колективниот напор нашето општество да ги прифати и да ги присвои вредностите на модерноста. Анастасов, тогаш младиот уметник, е целосно посветен на насетувањето на новите јазички простори. Почнува да експериментира со формата и слободата како чин на сопствено осознавање. Во „Енформелска лабораторија“ неговите потези се движат исклучително брзо. Одвреме – навреме авторот со перото почнува да го напаѓа листот хартија во таа мера што таа се гребе или во пооделни потфати се кине или се оштетува, велат од Музејот.

Од мај 2012 година, во Музеј на град Скопје е отворена „Галеријата Јустина и Родољуб Анастасов“. Нејзиното формирање беше овозможено со донацијата од 346 дела кои Анастасов ги подари на Музејот. 

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска