Емин Џијан трио го отвори Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп

Од:

Со настапот на македонскиот артист Емин Џијан со своето трио синоќа на летната сцена во Центарот за културата „Марко Цепенков“ започна Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп.

Според организаторите, Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

Синоќа прилепската публика можеше да го проследи и настапот на Милан Петрович Квартет од Србија. Вечерва, пак, на летната сцена ќе настапат: браќата Тавитјан и групата на Теодисиј Спасов (Бугарија).

Руската драм енд бејз атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC ќе настапат на последната вечер на фестивалот.

Овогодинешниот Џез викенд е во организација на локалната самоуправа,  а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал“.

Би можело да ве интересира

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски