Македонскиот документарец „Медена земја“ вечерва ќе се бори за Оскар и тоа во две категории „Најдобар документарец“ и „Најдобар странски филм“.
Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.
Според фотографиите што ги споделуваат на социјалните мрежи тие се подготвени да се појават на црвениот тепих.
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот.