Едномесечната журка во Карпош почнува со „Црвена јабука“

Од:

На игралиштето „Сокол“ кај основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“, вечерва во 20.30 часот групата „Црвена јабука“, со целовечерен концерт ќе го отвори шестото „Карпошово културно лето 2013“.

„Легендарниот Жера и фантастичната „Црвена јабука“ ќе се обидат на карпошани и на љубителите на добрата музика од други општини да им го одвлечат вниманието од летната горештина и за миг да понудат освежување низ звуците што сите ги паметат. На отворањето на „Карпошово културно лето 2013“ пригодна реч ќе има градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, а според програмата што годинава ја нуди оваа културна манифестација, се очекува голема посетеност“, соопшти општината.

Покрај „Црвена јабука“, која ќе го означи почетокот на едномесечната дружба со културата, концерти во рамките на манифестацијата ќе имаат и Каролина Гочева, „Гуру Харе“, Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“, „Темпера“, „Шери коктел џез бенд“, и многу други. Ретро-дружбата ќе ја донесат Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ, а авторска вечер ќе има и Огнен Неделковски. За љубителите на уметноста, предвидени се и ликовни перформанси и изложба од Дневниот ликовен хепенинг.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира