Единаесетгодишната Гически ќе одржи концерт во Прилеп

Од:

Една од најмладите пијаниски во Македонија, 11-годишната Александра Гически вечерва во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи концерт од областа на класичната музика. На концертот малата Гически ќе изведе три сонати за пијано од Л. Бетовен.

Иако има само 11 години активно настапува и концертира како солист на музичките сцени во Македонија и пошироко.

На осум години ја освои прва награда на државниот натпревар во Скопје, а на девет години го одржа својот прв самостоен рецитал.

На десетгодишна возраст настапи и на фестивалот „Прилепскo културно лето“ со целовечерен рецитал како најмлад уметник.

Во 2012 година ја доби првата награда на меѓународниот натпревар „Охридски Бисери“ и прва-специјална награда во најстарата категорија на државниот натпревар во Скопје.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје