Единаесет македонски учесници на 12. Паратисима во Торино

Од:

Единаесетте учесници кои во јуни беа селектирани од жирито на 3. Интернационален саем на современа уметност Паратисима Скопје, од денеска до 6 ноември ќе учетствуваат на 12. Паратисима во Торино. Паратисима Скопје оваа година додели вкупно 16 награди од кои на 13 учесници и оваа година им овозможи да ги изложат своите дела на саемот за уметност во Италија.

– Викторија Попоска, Асја Муча, Ханис Багашов, Моника Лозаноска, Александар Милев, Ања Илиева, Христина Секулоска, Ирена Милојеска, Андријана Андреева, Лука Гроси, Ерика Витале, Соџин Хонг и Том Хјус, чии дела заедно со останатиот дел од ликовната поставка беа курирани од страна на Јованка Попова, се авторите кои беа селектирани од тричленото жири на Паратисима Скопје, составено од Сафет Ахмети – истражувач во областа на историјата на уметноста и визуелната култура, Иван Блажев – фотограф и режисер и Мартин Гулески – архитект, добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ – 2015 година, информира Паратисима Скопје.

Здружението за поддршка на македонската култура во Италија „Понте ди пјетра“ од Канели и додели награда на уметницата Викторија Попоска за учество на македонски автор на Паратисима во Торино.

Во соработка со Паратисима Скопје, Галерија Флукс и Концепт 37  доделија дополнителни четири независни изложби на: Елизабета Линднер Костадиновска, Христина Секулоска и Ирена Милојеска, Тамара Забазноска, Марија Конеска.

Третото издание на Паратисима Скопје 2016 имаше 107 независни автори со потекло од 21 земја и беше домаќин и организатор на осум специјални проекти и 13 работилници.

Минатата година на Паратисима во Торино имаше 427 независни учесници кои беа посетени од 47.568 посетители, а 11 од нив беа авторите наградени и селектирани од второто издание на Паратисима Скопје. Вклучително со оваа година, Паратисима Скопје има наградено и претставено вкупно 33 (македонски) автори на Паратисима во Торино.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска