Ѕвездата на виолина Ванеса Меј ќе го отвори годинешното „Охридско лето“

Од:

Со концертот на светски популарната виолинистка Ванеса Меј, на 12 јули (петок) во Античкиот театар во Охрид, свечено ќе почне 59 издание на фестивалот „Охридско лето“.

Британката Ванеса Меј го носи епитетот светско чудо, а ќе настапи заедно со оркестарот на Филхармонија и вокални солисти од Операта, под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров од Бугарија.

Меј стекна светска слава поради виртуозноста, но особено поради нејзиниот оригинален пристап на свирење на виолина, создавајќи фузија од класика со џез и електроника, со цел да ја доближи класичната музика до поширокиот круг на слушатели.

На само 13 години таа стана првиот солист на виолина на таа возраст што одржал концерт во Лондон, а подоцна токму нејзиниот микс од т.н. техно и класика и донесе милиони продадени албуми во светот. Во 2006 година беше прогласена за најбогата музичарка под 30 години.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма