Џоломарите ги избркаа лошите духови од Тиквешијата

Од:

Во кавадаречкото село Бегниште денеска се одржа ритуалниот и оригинален пречек на Василица – Џоломари со џоломарската игра ги избркаа лошите духови од Тиквешијата.

Претседателот на месната заедница Орданчо Лазаров појасни дека џоломарството е паганска традиција која нема допирна точка со Христијанството а тоа, рече, кажува дека се работи за доста стара традиција.

Најстарите податоци за селото Бегниште датираат од 1519 година, а легендата вели дека е настанато со преселување односно бегање од османлиите, затоа е и името Бегниште. Луѓето и покрај нивното преселување ја пренесувале традицијата и таа опстојува и се негува до ден денес.

– Џоломарите ги црнат лицата и рацете со саѓи, брадите и мустаќите се од волна, качулките односно чулавките се волнени ткаени наметки во темни бои. Околу половината врзуваат широки кожени ремени со 10-15 клопотарци. Во групата има две невести, облечени од глава до петици во бело. Тие се симбол на новата, млада и плодна година. Во групата има и баба, облечена во црно, со црн превез врз лицето, симбол на годината што се испраќа. Во групата учествуваат само мажи, соопшти тој.

Додаде дека целта на маскирањето на џоломарите е да изгледаат пострашни и да бидат позвучни, со верување дека на тој начин ќе се истераат злите духови.

Би можело да ве интересира

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена