Две слики на Ел Греко продадени за 19 милиони долари

Од:

Две слики на познатиот шпански уметник Ел Греко (1541-1614 година), беа продадени за 19,21 милион долари, на аукција организирана од лондонската аукциска куќа „Сотби“.

Сликата „Молитвата на Свети Доминик“ достигна цена од 13,8 милиони долари, по првичната проценки од 4,5 до 7,6 милиони долари, додека сликата „Распетие“ беше продадена за 5,2 милиони долари.

Уметничките дела се дел од легендарната колекција на германскиот индустријалец, лекар и мецена Густав Рау, кој ја остави колекцијата на германскиот огранок на детскиот фонд на ОН – УНИЦЕФ.

Средствата ќе бидат наменети за финансирање на долгорочна програма за здравствена заштита на деца во источниот дел на Конго.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска