Две децении од издавањето на поштенската марка „Македонија-Цвеќе на мирот“

Од:

Поштенската марка „Република Македонија-Цвеќе на мирот“, чија цел беше симболично да сведочи за македонската држава на патот на нејзиното меѓународно признавање, за хуманоста и солидарноста со бегалците од БиХ, како и во мисија на мирот и пријателството меѓу народите и државите, денеска одбележува 20 години од издавањето.

Собранието на Република Македонија усвои закон за издавање марката, која беше во промет од 1 февруари до 31 март 1993 година, а беше  иницирана од Црвениот крст на Македонија. Автор на ликовните творби беше сликарот и хуманист Живко А. Поповски-Цветин,  а ликовно-графичката обработка и дизајнот на марките е на сликарот и графичар Нико П. Този од Скопје. Трите доплатни поштенски марки беа во блок 3+1 од 20 денари- златна основа со репродукција на ликовна творба во техника на повеќебоен офсет, во табаци од по 128 парчиња.

Инспирацијата на Поповски за марката произлезе од посветата на кинескиот поет Јанг Ху, кој во 1988 година подарувајќи му една своја слика „Цвеќе на мирот“ му напиша: „покриена е со свежо цвеќе пространата македонска земја, цвеќето што го посади македонскиот сликар“.

Поповски досега има создадено повеќе слики „Македонија во цвеќе“, коишто ги подарува на истакнати институции и личности со голем придонес и значање за нашата земја, меѓу кои Џорџ Буш, Борис Трајанов, Анте Поповски, Македонска Телевизија, Хусто Хорхе Падрон, Нова Македонија, Македонска филхармонија и др.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје