Две авторки од Србија ја добија наградата „Арт феникс“

Од:

Наградата „Арт Феникс“ за најдобри ликовни дела на тема „Карневал“ ја делат Лилјана Стевановиќ од Белград и Милица Алимпиќ-Илиќ од Шабац (Србија), соопшти издавачката куќа „Феникс“.

Заедно со Фондацијата „Македонија презент“, „Феникс“ организираше конкурс на тема „Карневал“ во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, на кој пристигнале голем број ликовни дела.

– Во најтесна конкуренција за наградата „Арт Феникс“ беа и Јасмина Мима Васиљевиќ од Крагуевац и Наташа Маринковиќ од Белград, како и Ана Багрјана  од Украина, информира „Феникс“.

Издавачот соопшти и дека до 15 април 2015 година може да се праќаат ликовни прилози на тема „Жена“ на Конкурсот за наградата „Арт Феникс“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска