ДВД со дигитално реставрирани филмови на браќата Манаки

Од:

Кинотека на Македонија вечер на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе промовира ДВД и проекција на дигитално реставрираниот целокупен опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, основоположници на македонската филмска историја.

Дигиталната реставрација на филмското наследство на браќата Манаки во текот на 2012 и 2013 Кинотеката на Македонија го направи во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта.

ДВД-то од и за браќата Манаки ќе биде промовирано во Центарот за култура, а потоа ќе следува проекција на дигитално реставрираните филмови придружени со музика во живо на Благој Маротов и Бојан Маротов.

Кинотеката на Македонија пред две години го почна долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на македонското аудиовизуелно наследство. Прв проект проследен со соодветно ДВД-издание беа филмовите на Столе Попов.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје