Дуото Маротов со филмската музика за Манаки ќе настапи во Варшава

Од:

Музичарите Бојан и Благој Маротови денеска ќе гостуваат во Варшава, каде што на покана на Кинотеката на Полска ќе настапат за време на премиерната проекција на филмот за браќата Манаки.

Маротови ќе ја изведат во живо музиката од ДВД-то за филмот, која е нивно авторско дело.

– Се надеваме дека музиката ќе и се допадне на полската публика и дека ќе ја претставиме во најдобро светло нашата држава, велат Маротови.

Тие ја напишаа и снимија музиката по нарачка на Кинотеката на Македонија, која го дигитализираше и реставририраше целокупниот опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, основоположници на македонската филмска историја.

Дигиталната реставрација на филмското наследство на браќата Манаки во текот на 2012 и 2013 Кинотеката го направи во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта, а ДВД-то го промовираше на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје