Државна изложба на ликовни творби од основците во Македонија

Од:

Центарот за култура-Битола денеска по 43-ти пат ќе ја отвори пред јавноста државната изложба со ликовни творби кои ги изработуваат децата од основните училишта во Република Македонија, на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Станува збор за културен настан кој секоја година е во исчекување од младите ликовни творци од Македонија кои на собирот во Битола презентираат дел од својата детска фантазија поттикната од бескрајните бисерни низи на народната култура, кои се китени со векови од безброј знаени и незнаени неимари, со што се создава нов уметнички свет во кој живеат прегрнати минатото и иднината, изјави за МИА, Валентин Соклевски, претставник на организаторот, НУ Центар за култура-Битола.

– Најновото издание на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е искрата која и оваа година ја поведе новата генерација млади творци на инспиративна прошетка низ културнотото наследство.Народните везови, носиите, накитот, занаетите, градбите, обичаите, ората, песните, како и останатите безбројни материјални и духовни вредности повторно предизвикаа нови уметнички блесоци. Благодарение на вредните детски творци како и нивните ликовни педагози и наставници од основните училишта ширум Република Македонија, во рамките на овогодишната детска ликовна изложба ќе бидат експонирани 50 колекции со 503 ликовни творби, истакна Соклевски.

Стручна жири-комисијата додели две специјални награди, 10 рамноправни награди за најдобра колекција, како и 33 поединечни награди за најуспешни ликовни творби на изложбата, кои денес напладне ќе бидат доделени во НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска