Редовното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи на 28 април. Оваа одлука ја донесе Претседателството на ДПМ според статутот на асоцијацијата со кој е утврден мандат од четири години.
Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ.
Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ , своите програми треба да ги достават во канцеларијата на писателската асоција од 13 до 27 март, најдоцна до 12 часот.