Древноримскиот празник на гроздоберот Виналија Рустика ќе се прославува во Скопје

Од:

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ организира перформанс по повод древноримскиот празник на гроздоберот Виналиja Рустика кој ќе се одржи на први октомври во 19 часот во МКЦ клуб и ресторан во Скопје. Во рамки на настанот ќе има едукативен дел за римските Виналии, мала археолошка поставка со експонати инспирирани од античкиот Рим, едукативен дел за древната римска медицина и билкарство, рецитирање поезија од древни римски поети, проекција на документарен филм и предавање за овој древен римски празник. Во меѓувреме ќе има и дегустација на римска храна и на мулсум (римско вино со мед и зачини).

– По успешниот настап на древната римска култура Scupini Romani на „Музејската ноќ 2018” во чии рамки се одржа и перформансот „Розалии – празникот на розите“, тимот на „ХАЕМУС“ ќе има можност повторно да го промовира нашето богато културно наследство од римскиот период. Голем број од нашите празници, верувања и обичаи постојат уште од предримскиот период, а тоа се слични или исти традиции со кои луѓето се поистоветуваат и денес. Оттука интересот на луѓето за нашиот бренд Scupini Romani е сѐ поголем во рамките на настаните кои ги организираме, каде преку едукација и дисеминирање на научни истражувања се обидуваме да ја подигнеме јавната свест за оваа научна област кај љубителите на културното наследство – изјави Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“

Овој настан се организира со цел да се промовира и популаризира културното наследство од римскиот период, но и современите македонски народни празници, верувања и обичаи. Настанот е од едукативен и промотивен карактер и се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси.

„Виналија Рустика – древно римски празник на виното” е поддржан од град Скопје во рамки на годинешната програма за култура.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8