Драмски театар-Скопје со нова премиера – „Папагалот Историко“

Од:

Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Папагалот Историко“ во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“. Автор на драматизацијата е Сашко Насев.

– Ја пресоздадовме прозата на Георгиевски на сцена. „Монументи на глупоста“ е крик против комунистичкиот волунтаризам низ минатите епохи, а „Папагалот Историко“ е претстава која го поставува прашањето: дали сите сме Јуди, а еден е Исус?! Оценете сами, ни треба уметнички театар или не, прашањето е сега. Не се сомневајте во својот одговор затоа што господари на тајните и лажната вистина се оние што повторуваат како папагали. А ние сме луѓе. Автори и гледачи. Ние сме луѓе. Со големо л, напиша Сашко Насев во Писмо до гледачите.

На прес-конференцијата по повод премиерата тој рече дека речиси три години ја работеле драматизацијата на романот и претставата ја најави како жесток, суров театар, базиран на основното естетичко изразно средство во театарот – актерот.

– Романот „Монументи на глупоста“ нема класична инфраструктура, туку е повеќе филозофски трактат кој е многу тешко да се драматизира и затоа оставивме да функционираат ликовите и елементите на заплетот. Се работи за една гола театарска форма, без елементи на зачудност од типот на големи сценографии, стравични музики итн. Напротив, се работи за една чиста, суперангажирана претстава во која актерите се на сцена многу блиску до публиката, дури и во интеракција со неа. Тоа е еден многу тежок театар, истакна Насев.

Главната улога во претставата ја игра Владо Јовановски. Во актерската екипа се и: Благица Димитровска, Калина Наумовска (во насловниот лик: Папагалот Историко), Дамјан Цветановски, Ѓорѓи Тодоровски и студентите од ФДУ во класата на проф. Мими Таневска: Томислав Давидовски, Исмет Шабановски и Кристијан Танчевски. Сценограф и костимограф на претставата е Мери Јовановска.

Би можело да ве интересира

Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на 5 мај гостува во Драмски театар

Ана Ололовска

Премиера на детската претстава „Новогодишен сон“ во Драмски театар Скопје

Ана Ололовска

Драмски театар добитник на една од двете награди кои ги доделува „Јоакимфест“ во Крагуевац

Ана Ололовска

Драмски театар ќе гостува на „Јоакимфест“ во Крагуевац со „My name is Goran Stefanovski“

Ана Ололовска

Раде Шербеџија, Горан Стефановски, Милан Мариќ, Феѓа Штука, Александар Поповски, Кокан Младеновиќ во Драмски

Ана Ололовска

Отворање на „Вевчанско културно лето 2022“ со монодрамата „Кармен“ на Драмски

Ана Ололовска