Драган Спасов – Дац: Вратите на театарот ќе се затвораат 5 минути пред почетокот на претставата, кој доцни нема да може да влезе

Од:

Новоименуваниот в.д. директор на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац, соопшти дека вратите на театарот ќе се затвораат 5 минути пред почетокот на претставата.

– Сакам да ве информирам дека со почетокот на новата театарска сезоан во МНТ, заради непречено следење на претставите, вратите за публиката ќе се затвораат во 19:55 часот.
Во 20:00 часот почнува претставата!, напиша тој на неговиот Фејсбук профил.

Во Фејсбук статусот Дац додава дека доколку некој не е во можност да присуствува на претставата за која што веќе набавил карти, истите ќе може да ги врати половина час пред почетокот на претставата, за што ќе му бидат вратени парите, но на гледачите кои задоцниле нема да им бидат отворени вратите и нема да им бидат вратени парите.

– Ова ќе важи за сите граѓани на светот, напиша Дац.

Би можело да ве интересира

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Никола Кимовски назначен за в.д директор на Македонскиот народен театар

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски