Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај

Од:

На годинашната Свечена академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај , денот на Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Крива Паланка ќе настапи македонската музичка легенда, Драган Мијалковски.

-Свеченоста ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски. Свечената академија ќе се одржи на 23 мај 2024 година, четврток, во Национална установа Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19 часот. На Академијата ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава во општината за изминатата година, ќе се доделат признанија за најдобрите ученици на генерација, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: „Кажи ми”, „223-3О5″, „Кажи нешто драга”, „Гитаро моја” и бројни други незаборавни евергрини, за една незаборавна вечер за сите генерации, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Свечената академија се одржува секоја година традиционално, а годинава е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата”.

Би можело да ве интересира

Откриен убиецот на дедото од Крива Паланка: уапсен 27-годишник, поднесена и пријава

Има доволно вода за пиење во Крива Паланка

Наум Локоски

Санација на градскиот базен во Крива Паланка

Ана Ололовска

Во Крива Паланка се одржа манифестација „Среќна баба Марта“

Наум Локоски

Соседите на лажниот новинар на “Нетпрес” од Крива Паланка заложници на неговото дрско однесување

Кејт Мидлтон