ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ

Од:

Четворица членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) поднеле кандидатури за претседател, додека двајца за претседател на Собранието во предвидениот рок за претстојното Вонредно собрание на ДПМ.

– Во врска со претстојното Вонредно изборно собрание на ДПМ закажано за 25 ноември годинава, во предвидениот рок (до 4.11.2023.) според Статутот на асоцијацијата, кандидатури за раководни фукции поднесоа шест члена на ДПМ. Кандидатури за претседател на ДПМ поднесоа: Живко Грозданоски, Блаже Миневски, Мирче Нешовски и Гоце Ристовски, а за претседател на Собранието на ДПМ: Иван Антоновски и Стефан Марковски, соопшти ДПМ.

Би можело да ве интересира

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

Јубилеен 150-ти број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија