ДПМ ќе расправа за актуелните аспекти на состојбата на книгата

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе одржи редовно Годишно собрание на кое ќе се расправа за актуелните аспекти на состојбата на книгата. Воведен збор на дебатата ќе има претседателот на Собранието на ДПМ Раде Силјан.

– Друштвото на писателите на Македонија оценува дека кризата негативно се одразува на состојбата на книгата во сите фази, почнувајќи од нејзиното создавање, преку објавувањето, дистрибуцијата, продажбата и читањето. Ваквата ситуација доведува и до нарушени критериуми во материјалното и естетското вреднување на делата, а тоа може да остави долгорочни негативни последици во литературата и издаваштвото. На проблемот треба да му се пристапува комплексно, со изградена стратегија, во која своја улога ќе имааат Друштвото на писателите на Македонија, Здружението на издавачите, книжарските работници, библиотеките и државните институции  задолжени за оваа дејност, соопшти ДПМ.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска