ДПМ ќе формира клуб на писателите за деца „Ванчо Николески“

Од:

Претседателството на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) ќе формира клуб на писателите за деца што ќе го носи името на основоположникот на современата македонска литература за најмладите Ванчо Николески.

Како што соопшти ДПМ, координатор на клубот ќе биде доајенот на ДПМ, истакнатиот македонски писател за деца Стојан Тарапуза.

– Ваквата организациска новина, што е во рамките на статутот на ДПМ, ќе овозможи поголема вклученост на писателите за деца во програмските активности и поширока презентација на нивното творештво, смета Друштвото на писатели.

Македонската писателска асоцијација ќе организира манифестации и трибини за поддршка на творештвото за млади со цел стимулирање и афирмација на овој вид литература што ја создаваат бројни писатели, членови на ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија, на денот на своето основање, традиционално ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца и млади објавена во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска