Македонската библиотека во просториите на друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг ќе добие делод книгите кои беа изложени на македонскиот штанд на годинашниот Меѓуанроден саем на книгата во Гетеборг.
Со тоа фондот на македонски изданија од денеска ќе биде збогатен за значајни дела кои ќе се доближат до бројната македонска заедница во Гетеборг и пошироко во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Дел од изданијата ќе бидат наеменети и за потребите на Македонската амбасада во Стокхолм, како и за Градската библиотека во Гетеборг, која има посебен оддел за јазиците на поголемите доселенички групи во Шведска, вклучувајќи го и македонскиот јазик.