Документарен филм за Ингмар Бергман во Кинотека

Од:

Документарен филм за култниот шведски режисер Ингмар Бергман ќе биде прикажан вечер во Кинотека на Македонија.

Во филмот со оригинален наслов „Tresspassing Bergman“, режиран од Џејн Магнусон и Хајнек Палас, светски познати режисери и актери како Вуди Ален, Вес Андерсон, Френсис Форд Копола, Вес Крејвен, Роберт де Ниро, Клер Денис, Лора Дерн, Такеши Китано…, зборуваат за нивните релации со Бергман и неговите филмови.

Проекцијата ќе биде проследена со дискусија со Палас, еден од режисерите на филмот, кој е гостин на Кинотеката.

Шведскиот филмски режисер Ингмар Бергман во 1960-тите избира да се повлече од Стокхолм на остров во Балтичкото Море. За време на неговиот живот, точната локација на куќата била добро чувана тајна. Тука тој ќе живее и ќе сними некои од неговите антологиски филмови, се до смртта во 2007 година.

– Ако кинематографијата беше религија, тогаш ова ќе беше Мека, Ватикан. Ова е центарот на се, вели Алехандро Гонзалез Ињариту додека влегува на имотот на Бергман на далечниот остров Фаро во една студена ноемвриска ноќ во 2011 година. 

Проекцијата на филмот и гостувањето на Палас се реализира со поддршка на Шведската амбасада. 

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска