Доделени наградите на театарскиот фестивал „Лица без маски“

Од:

Претставата „Да го поздравиш и да ги го бациш“ на Независниот театар „Артопија“ во режија на Билјана Радиноска е добитник на Гранд при наградата за најдобра претстава во целина на 10. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“.

Во образложението од жири комисијата се наведува дека наградата и се доделува на оваа претстава заради фактот што комплетната екипа своето лично доживување на реалноста на моментот кој го живеат, храбро, елоквентно и емоционално го изнесува пред публиката во театарска форма која граничи со еден вид лична исповед.

Наградата за најдобра режија и беше доделена на Софија Ристевска за претставата „Скршената стомна“ во изведба на „Интимен театар“ од Битола, додека наградата за најдобро актерско остварување ја доби актерскиот колектив од претставата „Фармата“, во режија на Паоло Алесандри и во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим.

За наградите одлучуваше жири комисијата составена од Трајче Георгиев, актер, Деан Дајмановски, режисер и Тони Димков, новинар и театарски критичар.

Според нив, годинашната програма од 10. издание на фестивалот понудила одлична селекција базирана на концептуалниот и ангажиран театар, претстави коишто ги разоткриваат демагогиите, нивното соголување и борбата на театарскиот свет против нив.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он