За време на церемонијата на затворањето на 66-от Филмски фестивал во Кан, со чие жири претседаваше Стивен Спилберг, доделени се наградите а најпрестижната – Златна палма за најдобар филм ја доби драмата „La Vie D’Adele“.
Филмот „La Vie D’Adele“ – интимна љубовна приказна меѓу две млади жени ја режираше Абделатиф Кечиче, француски режисер со потекло од Тунис.
Додека експлицитните сексуални сцени во филмот привлекоа најголемо внимание во медиумите, филсмките критичари имаат само пофалби за приказната за растењето, созревањето и љубовната врска на двата главни ликови во филмот.
Спилберг наградата ја врачи на Кечиче но и на двете ѕвезди на филмот, Адел Ексарчопулос и Леи Сејду, кои мусе придружија на сцената со извици на воодушевување од публиката.
– Би сакал да го посветам овој филм на прекрасната младина на Франција која ја запознав додека го снимав филмот, рече тој.
Гранд при доби „Inside Llewyn Davis“ на Џоел и Итан Коен, во кој играат Кери Малиган, Џастин Тимберлејк и Оскар Ајсак.
Награда од жири доби филмот “Soshite Chichi Ni Naru“ на Коре-Еда Хироказу. Наградата за најдобро сценарио ја доби Џи Цанке за остварувањето „Tian Zhu Ding“ кој понуди шокантен увид во корупцијата и експлоатација во Кина, додека најдобар режисер, според мислењето на жирито на фестивалот во Кан, Амат Ескаланте за филмот „Heli“.
Најдобра актерка е Беренис Бежо која ја игра Мари, разочарана сопруга, во филмот на Ашгар Фархади „Le Passe“, додека за најдобар актер е прогласен Брус Дирн за улогата на татко акохоличар кој верува дека освоил голема премија на лото во филмот „Nebraska“ на Александар Пејн.
Наградата за кус филм ја доби филмот „Safe“ на корејскиот режисер Мун Бјон Гона. Златна камера доби филмот „Ilo Ilo“ на Антони Чен, а специјална награда на жирито освоија филмовите „Inside Llewyn Davis“ и „Like Father, Like Son“.