Доделени наградите на 6. „Лица без маски“

Од:

Претставата „Убиј ги децата“ во режија на Фабио Омодеи, во изведба на Академијата за театар „Софија Амендолеа“ од Рим ја освои Гран-при наградата за најдобра претстава во целина на шестиот Интернационален фестивал „Лица без маски“.

Одлуката ја донесе жири во состав: Васил Зафирчев, актер и уметнички директор на Велешкиот театар, Сотир Трајков, новинар и театарски критичар од ТВ „Телма“ и актерот и пантомимичар Дарко Вељиќ,  по гледањето на сите шест претстави од официјалната конкуренција на годинашниот фестивал.

– Овој сценски спектакл го покажа светот на гротескен начин низ театар на циркус. Во него доминираше колективната актерска креација, визуелизацијата, одлична режија, во која со минималистички изразни средства беа критикувани светските центри на моќта, визави стравот за сопствената егзистенција на секој поединец вклучително и најмладите. Овој пацифистички театарски концепт во време на општа светска дезинтеграција, ги освои срцата не само на жири-комисијата туку и на публиката, е наведено во образложението.

Наградата за најдобра режија жирито и ја додели на Саша Ефтимова за нејзиниот авторски проект „Филм“. – Во своевиден бродвејски клуч таа прикажа театар на сенки со балетски изведувачи, што претставува освежување на нашата театарска сцена. Преку оваа претстава Ефтимова промовира нови методолошки пробиви кои се движат на линијата меѓу современиот танц и театарот и во која таа го третира танцот не како изразно средство, туку како состојба на духот и преку него се обидува да го промислува светот како место за убавото во и околу нас, оцени жирито.

Наградата за најдобра актерска игра му припадна на актерот Тодор Нисторов од бугарскиот театар „Ателје 313“ од Софија за креацијата во претставата „Деволуција“. Според жирито, Нисторов прикажал суверена актерска креација која се движела помеѓу физичкото и емотивното со исклучителен усет за партнерска игра, беспрекорна пластичност при трансофрмацијата на словеито креиран лик..

Наградените добија оригинални плакети направени од филигран со сребро, кои го претставуваат логото на фестивалот, по дизајн на Марија Милошевска.

На годинашниот фестивал „Лица без маски“, кој се одржа под мотото „Ослободи се!“,  во изминатите пет дена гостуваа претстави од Бугарија, Србија, Полска, Италија и од Романија. Се одржаа и работилници на режисерите и актерите од гостувачките театри за кои, како што информираат организаторите, имало  голем интерес од учесниците на фестивалот, но и од македонски актери и режисери.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“