Доделена Златна лира за врвни уметнички достигнувања и животно дело

Од:

Диригентот Саша Николовски – Ѓумар и пијанистот Тодор Светиев се добитници на Златна лира за врвни музички достигнувања односно за животно дело, што ги доделува Советот на музички уметници на Македонија.

– И ние во Македонија имаме гордост како што е за Индија Зубин Мехта. Маестро Саша Николовски – Ѓумар е нашиот Зубин Мехта, препознатлив по својата музикалност, експресивност и енергичност, кого Советот на Сојузот на музички уметници на Македонија едногласно го избра за добитник на нградата ЗЛАТНА ЛИРА за брвни уметнички достигнувања во 2013 година, рече на доделувањето на наградите Љубиша Кировски, претседател на Сојузот на музички уметници на Македонија.

Заблагодарувајќи се на ова признание Ѓумар истакна дека иако на наградата го пишува само неговото име, таа е признание и за сите кои учествувале во неговите 20 години творечка уметност, како и во проектите реалзирани во 2013 година.

Златната лира за животно дело му припадна на пијанистот Тодор Светиев, кој годинава одбележува 40 години музичка дејност. Тој во рамките на свеченоста одржа и концерт, на кој посебно доживување за публиката беше премиерната изведба на „Фантазија за С” од Б. Светиев која Тодор Светиев ја изведе во дуо со Кристина Светиева.

Маестро Саша Николовски-Ѓумар ги раздвижува македонските ансамбли преку кои создава импресивни музички интерпретации, без разлика на музичкиот жанр кој го изведуваат. Неговиот креативен дух се согледува преку креациите кои минатата година ги имаше со Македонската филхармонија, оркестарот „Јохан Штраус’’, „Скопје лејдис оркестра“, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија и оркестарот на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Посебно се издвојуваат неговите настапи на отворање на концертната сезона на МФ со солистот на пијано Алексеј Володин на која беше изведен копнцертот за пијано и оркестар од Скрјабин и Стравински „Посветување на пролетта“, операта „Турандот „во МОБ , како и премиерата на Моцартовата опера „Така прават сите“ Саша Николовски- Ѓумар минатата година го прослави 20 годишниот јубилеј од својата уметничка дејност.

Тодор Светиев својот прв солистички рецитал го изведува во 1974 година во салонот 19.19 и од тогаш практично започнува неговата активна концертна кариера. Оваа година одбележува 40 години уметничка дејност.

Како солист и камерен музичар развива богата концертна дејност и настапува успешно на подиумите како во Македонија така и во други земји каде што реализирал повеќе успешни турнеи (Шпанија, Белгија, Бугарија, Русија, Хрватска, Северен Кипар…). Учествува на повеќе музички фестивали како што се: “Охридско Лето”, “Варненско Лето”, “Опатија”, “Херцег Нови”, “Фестивал на камерната музика” во Пловдив, “Денови на Македонска Музика”, „Гоцеви денови“, Рагуза – Италија и др. Во неговиот репертоар се вбројуваат дела од најразлични епохи, а премиерно изведува и голем број на дела од Македонски автори (Тошевски, Прошев, Бужаровски, Аврамовски, Стојков, Голабовски…). Исто така настапувал со оркестрите на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на МРТВ, Филхармонијата од Бургас, Фестивалскиот оркестар на СОКОМ и др. Во текот на својата концертна дејност соработува со голем број македонски и странски уметници: Д. Тасеска, Б. Николовски, В. Атанасов, М. Куфојанакис, Б. Танасков, В. Везенковски, Б. Ангеловски, Ц. Стојановски, Д. Апостолов, Квартетот „Гајдов“, В. Дешпаљ, Д. Иванова, Триото „Цирих“ и др. Остварил и повеќе аудио записи како солист и камерен музичар кои се издадени на три компакт диска.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои е и наградата “Златна Лира” за 1999 година, која ја доделува СМУМ, а концертот одржан на фестивалот “Охридско Лето” каде што настапи како гостин – солист на триото “Цирих”, ја доби наградата “Охридска Изида” за најуспешен концерт на фестивалот во 1993 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска