Белоруската писателка Светлана Алексијевич е овогодинешната добитничка на Нобеловата награда за литература, соопшти Кралската шведска академија на науките.
Наградата Алексијевич ја доби поради нејзиното „полифонско пишување, споменик на страдањето и храброста во нашето време“.
Нобеловата награда е вредна осум милиони круни (972.000 долари).
Досега се објавени имињата на овогодинешните добитници на Нобеловата награда за медицина, за физика, за хемија, а следи објавувањето на добитниците за мир и за економија.