„Дневникот на полицајката“ нов роман од Веле Смилевски

Од:

„Дневникот на полицајката“ е новиот роман од Веле Смилевски, што излезе во издание на „Дијалог“.

„Дневникот на полицајката“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се обработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните доживуваат иста судбина: заеднички седнуваат на обвинителна клупа. Дејството на романот се одвива преку дневнички записи, реминисценции и сеќавање од моментот кога полицајката ја внесуваат во судницата, до започнувањето на судскиот процес.

Книгата е втор дел од трилогијата „Полицајка в кревет“, а ќе биде промовирана на претстојниот саем на книгата во Скопје. Првиот дел излезе од печат во 2012 година.
Смилевски е автор на триесетина дела од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје