ДЛУМ отвора изложба „МиниАРТура“ со дела на 28 автори

Од:

Во Галерискиот простор на НЛБ Банка вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Град Скопје. Ќе учествуваат 28 автори членови на ДЛУМ, чии дела ќе претстават широк спектар на техники – традиционални и современи и нивно комбинирање.

– „МиниАРТура“ е уште еден уметнички предизвик за врвните мајстори на четката и палетата кај што минуциозноста на потегот обезбедува висок личен квалфикатив. Во овој проект покрај традиционалната минијатурна уметност и умешност во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, среќаваме и дела поблиски до апстракцијата или различни стилови на современата визуелна уметност денес, соопшти ДЛУМ.

За изложбата „МиниАРТура“ ДЛУМ единаесетти пат ја додели наградата „Златна четка“, која ја доби авторката Марина Лешкова, а НЛБ Банка по седми пат ќе додели една откупна награда насловена „НЛБ – миниарт“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска