ДЛУМ на регионалната дебата во Црна Гора

Од:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од денеска до 25 мај ќе биде дел од регионалниот проект „Различноста, како начин на градење капацитети во културните индустрии“ што ќе се оддржи во Подгорица, Црна Гора.

Организатори на настанот се Друштвото на ликовни уметници на Црна Гора и Друштвото на ликовни уметници на Словенија. Покрај земјите организатори, во проектот и дебатата учество ќе земат и земјите партнери Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Во првиот дел од проектот ќе биде претставена изложба, на која ќе учествуваат земјите учеснички со по пет автори од современата ликовна сцена. Ликовни автори од Македонија кои ќе бидат дел од изложбата се Ибрахим Беди, Тања Балаќ, Маријета Сидовски, Дијана Томиќ Радевска и Христина Зафировска.

Вториот дел од проектот е дебата на тема: „Убавината на различностите и зацврстување на капацитетите на културните индустрии (јакнењето на капацитетот на уметничките здруженија)“. На оваа дебата ќе учествува д-р Елизабета Шелева, критичарка и теоретичарка.

Претставник на тркалезната маса ќе биде и претседателот на ДЛУМ, Тања Балаќ, која ќе говори на тема „Зацврстување на капацитетот во културните индустрии (јакнењето на капацитетот на уметничките здруженија). Балаќ ќе даде и увид во историјатот на ДЛУМ, неговата општествена улога и значење, како и за проблемите со кои се соочува Друштвото во изминативе години, но и насоките во кои треба да се движи во иднина.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска