Дискусија за персиската литература во иранската уметност и филм

Од:

Иранската амбасада во Скопје денеска напладне во Порта Македонија ќе организира дискусија за персиската литература, со осврт на делото „Искендернаме“ (Поема за Александар).

На настанот ќе учествуваат иранскиот уметник Мохаммад Реза Афшари, кој ќе говори за литературата во калиграфијата, и режисерот Маџид Реза Мустафави, кој ќе се осврне на литературата во иранскиот филм.

Двајцата автори во Скопје се претствија со свои дела – Афшари со изложба на исламска калиграфија која во Порта Македонија ќе биде отворена до 24 февруари, а филм на Мостафави, насловен „Астигматизам“ од 2018 година, ќе биде прикажан вечер од 20 часот во Кинотеката во рамки на Фестивалот на современ ирански филм.

Фестивалот со најнови остварувања од иранската кинематографија се одржува од 17 до 23 февруари. На последниот фестивалски ден, утре, ќе бидат прикажани и филмовите „Развод заради мачки“ од 18 часот и „Реза“ од 20 часот, во присуство на режисерите Мохамад Али Саџади и Алиреза Мотемеди.

Би можело да ве интересира

Онлајн-програма на „Разигран плоштад 2020“

Ана Ололовска

Барање за финансиска поддршка за домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со коронавирусот

Ана Ололовска

Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

А1он

Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември”

Ана Ололовска

Миланската оперска куќа Ла Скала поради пандемијата изгуби 23 милиони евра

А1он

Макрон најави мерки за спас на француската култура погодена од коронавирусот

А1он