Дино Имери со овации во „Лисински“

Од:

Дино Имери, еден од најуспешните млади македонски пијанисти, ја одушеви хрватската публика со својот солистички концерт во престижната концертна сала “Ватрослав Лисински” во Загреб.

По завршувањето на редовната програма составена од дела на Брамс, Бетовен и Рахмањинов, на барање од публиката отсвири дури четири биса проследени со големи овации и надеж дека пијанистот наскоро повторно ќе се врати во нивниот град.

Имери го отвори циклусот „Пијанофортисимо” во чии рамки ќе настапат светски познати пијанисти во наредните месеци. Покажувајќи голем интерес за нашиот пијанист, Хрватското национално радио го снимаше рециталот за своите архиви и понатамошна употреба користејќи ја приликата да оствари интервју со Имери за да може хрватската јавност подобро да го запознае пијанистот.

Дино Имери дипломирал во класата на проф. Борис Романов, а моментално е на пост-дипломски студии во класата на проф. Симон Трпчески. Настапувал во повеќе значајни културни центри како Италија, Австрија, Франција, Хрватска. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои неколку први награди на Државниот натпревар по музика, втора награда на Интернационалниот натпревар “Мозартиана – М”, Третиот Европски пијано натпревар рангиран во 10 најдобри млади пијанисти, како и специјално признание од страна на „Јозеф Хајдн“ конзерваториумот за учество во Европската пијано програма и изведба на дела од Хајдн и Лист.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска