Дигитализирани фотографии од збирката на Незлобински

Од:

Дигитализирани фотографии од целосната фото збирка стаклени негативи, оставштина од рускиот доктор Никола Незлобински и неговиот тим денеска ќе бидат прикажани во зградата на природоначуната збирка во рамките на одбележувањето на јубилејот 90 години од формирањето на Музејот „Др. Никола Незлобински“.

Збирката е исклучителен документ за Струга и струшко во минатото и сведоштво за пасијата на рускиот научник, да ги забележи, истражува и запомни биолошкиот и социјалниот свет во регионот.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовирана и книгата „Фотомонографија од збирката на стаклени негативи на Д-р Никола Незлобински“. Промотор на фотомонографијата ќе биде директорката на Управа за заштита на културно наследство,Елеонора Петрова Митевска.

Со повеќе изложби за животот и делото на Незлобински и миграцијата на русите во Македонија изминатава недела беше одбележан јубилејот 90 години од формирањето на струшкиот музеј „Др. Никола Незлобински“, со што се приклучи и кон прославувањето на Европската година на културно наследство.

Рускиот емигрант, воен доктор и еден од протераните белогардејци, Никола Незлобински заедно со сопругата Софија и тим од соработници во Струга се испратени во 1928 година за да му помогне на населението да се справи со маларијата, која во тој период заземала епидемични размери. Покрај големиот придонес за подобрувањето на здравјето на населението и животните услови со дренирањето на Струшкото блато, Незлобински остана запаметен и по збирката, која сведочи за богатството и разновидноста на живиот свет во и околу Охридското Езеро. Во 1938, тој покренал иницијатива за отворање засебна зграда каде ќе бидат изложени препарирани животни од ова поднебјето. Со ова Незлобински ги поставил основите на првиот природонаучен тематски музеј и воопшто темелите на музеологијата во Македонија.

Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите сеуште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на блатото, но за богатстовто на регионот сведочат околу 8.000 примероци ( 6.000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка.

Покрај биолошкото одделение во Музејот функционираат и археолошко, етнолошко и ликовно одделение.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска