Музејот на Град Скопје денеска ќе го официјализира почетокот на проектот „АртЛинк 2016‘“ кој треба да обедини осум универзитети и девет факултети во Македонија на кои се изичуваат креативните уметности.
На настанот ќе биде потпишани меморандуми за соработка меѓу Музејот и униеврзитетите преку кои ќе се отворат нови можнсоти и ќе се иницираат проекти за соработка, универзитетски пракси и меѓународни презентации на работата на студентите, наставниот кадар и професионалците од креативните уметности.
На иницијативата на Музејот се приклучија Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово, Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во штип, Факултетот за графички дизајн на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола, Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет, Факултетот за мултимедија и дизајн на ФОн Универзитетот, Архитектонскиот факултет при скопскиот Универзитет и Факултетот за архитектура на МИТ Универзитетот.