Детски ден на ликовната колонија „Љубанци 2018“

Од:

Околу 20 најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел денеска ќе учествуваат на детскиот ликовен ден што се одржува во рамки на ликовната колонија „Љубанци 2018“.

Како што информира општина Бутел, учениците ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите уметници и ликовни педагози учесници на годинашната ликовна колонија „Љубанци 2018“. Се работи за ликовните уметници од Македонија и од странство: Данчо Ордев, Новица Трајковски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Орце Гогов, Харалампие Манчев, Владан Ранѓеловиќ, Светислав Славковиќ, Наташа Радосављевиќ и др.

Ликовните уметници ќе ги одберат трите најубави детски цртежи кои ќе имаат привилегија да бидат претставени и наградени на ликовната изложба на делата создадени на годинашнава ликовна колонија „Љубанци 2018“.

Ликовната колонија денеска ќе ја посети градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска