Детската претстава „Маша и медо“ во Гевгелија

Од:

Претставата „Весела училница“ со омилените детски ликови Маша и Медо, денеска ги забавува и едуцира децата од Гевгелија, во рамките на проектот што го организираат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“ во соработка со „Еуролинк осигурување“.

Претставата, според организаторите, е наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст, инспирирана од постојаниот страв на децата од почнување во училиште. Освен забавен, претставата има и едукативен карактер со цел низ репликите на учителот, учениците и Маша и Медо, децата да се воведат во училишната атмосфера.

Во рамките на проектот поставен е забавен и едукативен караван во вид на училишен двор каде што децата се дружат и активно учествуваат во интерактивни игри во кои може да освојат и награда.

Поради големиот интерес претставата „Весела училница“ во Гевгелија ќе има две изведби.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје