Детска ликовна изложба „Лидице“

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер ќе биде отворена интернационалната детска ликовна изложба „Лидице“. Изложбата претставува репродукција на најдобрите дела создадени од деца од целиот свет.

Организатори на изложбата се Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Република Чешка.

Покрај уметничките цртежи создадени од деца од Чешка, има и од Азербејџан, Белорусија, Бразил, Бугарија, Кина, Куба, Египет, Грузија, Индија, Индонезија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Латвија, Севрена Кореја, Полска, Романија, Русија, Србија, Црна Гора, Сингапур, Словачка, Шри Ланка, Турција, Украина, САД и Зимбабве. Меѓу овие цртежи има и четири кои се создадени од деца од Македонија.

Оваа изложба ќе ги воведе посетителите во трагичниот настан на палење на селото Лидице во Централна Бохемија на 10 јуни 1942 година. Трагедијата на Лидице стана симбол на страдањето на невини луѓе не само во Република Чешка, туку и во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје