„Design on Film“ – Фестивал на документарни филмови

Од:

Од 28 до 30 ноември во Кинотека и Concept37 за прв пат ќе се одржи тридневен фестивал „Design on Film“, на кој ќе бидат организирани 9 филмски проекции, 3 предавања и преглед на портфолија од областа на уметноста, дизајнот, фотографијата, архитектурата, културата и урбаното живеење.

„Design on Film“ е проект на Мики Стефаноски, мулти-дисциплинaрен графички дизајнер со долгогодишно искуство, кој во моментов работи како Art Director во маркетинг агенцијата Saatchi & Saatchi. Фестивалот го организира во соработка со Creative Exchange непрофитна иницијатива чија цел е развивање на креативните области во Македонија.

Главната цел на „Design on Film“ е да ги собере на едно место, сите оние кои што сакаат да одговорат на предизвиците со отворен ум, луѓе кои имаат храброст за дизајн и оние кои што сакаат да направат разлика. Ова ќе биде прва година за фестивалот и се надевам на одличен одзив кој ќе не мотивира и следните години да ја зајакнеме програмата и концептот“, вели Мики Стефаноски.

Фестивалот ќе биде исклучителна можност да се погледнат документарци кои што ќе инспирираат и ќе научат како да се искористи предноста на новите технологии, техники, вештини и методи на работа. Влезниците за фестивалот се бесплатни но потребна е on-line резервација.

„DOF“ е проект поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и Luminary Media. Голема благодарност до: Капитал, Винарија Стоби, Tinex, UACS, Lotus Lounge Chairs, Publicis и Кинотека на Македонија кои допринесоа за реализација на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје