„Десет унгарски поети на дваесетиот век“ во издание на Матица

Од:

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Десет унгарски поети на дваесетиот век“, во избор и препев на Паскал Гилевски.

На страниците од ова антологиско издание застапени се стихови од класиците на унгарската поезија:Андре Ади (1877-1919), Михај Бабич (1883-1941), Деже Костолањи (1885-1936), Атила Јожеф(1905-1937), Миклош Радноти (1909-1944), Леринц Сабо (1900-1957), Ѓула Илјеш (1902-1983), Шандор Вереш (1913-1989). Ласло Наѓ (1925-1978) и Ференц Јухас (1928 – 2015).

Со препевот на стиховите од најзначајните унгарски поети на 20 век, писателот и преведувач Паскал Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

Публикувањето на македонски јазик на делата на репрезентите на унгарската поезија, говори и за неговото чувство за градење пријателство и за трајно приближување на возбудливите пораки на поетите од светски глас, пишува Раде Силјан во препораката на изданието.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот