Фондацијата „Аполонија“ утре ќе ја организира 16. Меѓународната ликовна колонија во Гевгелија на која годинава ќе учествуваат десет ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија.
Директорот на Фондацијата Аце Ристовски денеска соопшти дека сликарите ќе изработуваат дела по сопствен избор, инспирирани од гевгелиското поднебје, кои на публиката ќе и бидат презентирани на изложба по затворањето на колонијата.
– Годинава новина е тоа што учесниците три дена ќе престојуваат во планинското село Ума, каде што ќе работат на обновување на иконостасот во црквата „Свети Пантелејмон“, рече Ристовски и додаде дека тоа ќе го практикуваат и во наредните години во други населени места во општина Гевгелија.
Покрај гевгелиските сликари Драги Хаџи-Николов и Јордан Јанев, учесници од Македонија се и сликарите Ниче Василев, Синиша Кашавалески и Александар Јовановски. Колонијата се одржува под покровителство на Општина Гевгелија.