Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Од:

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Се очекува следната недела жири-комисијата да го објави најтесниот избор на раоманите што конкурираат за наградата „Роман на годината“.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

Втора селекција на дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или – или“
3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“
4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“
8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или – или“
10. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Би можело да ве интересира

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Направена првата селекција за наградата „Роман на годината“, избрани 19 романи

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска