Денови на македонската култура во Осиек

Од:

Во рамки на манифестацијата 20. Денови на македонската култура денеска во Осиек ќе бидат отворени изложби и ќе се одржи концерт во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од овој град.

„Македонија така далечна, а така блиска“ е насловена изложбата на Драгољуб Силјаноски на стари македонски разгледници и пригодни коверти кои го поврзуваат македонскиот и хрватскиот народ. Ќе бидат изложени и слики масло на платно на Фрањо Бољешиќ, како и ракотворби на членовите на етно секцијата „Везилки“.

Во рамки на оваа манифестација ќе се одржи и концерт по повод 20 годишнината од постоењето и работата на МКД „Браќа Миладиновци“.

Покровители на манифестацијата се Советот за националните малцинства на Република Хрватска и Осјечко-баранската жупанија и град Осиек.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ