Денови на кинески филм во Кинотека од утре до 16 февруари

Од:

Во Кинотеката на Македонија од утре до 16 февруари ќе се одржуваат Денови на кинески филм и ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија снимени во периодот од 2003 до 2013 година.

Филмската ревија утревечер ќе почне со документарниот филм „Залак од Кина: Подарокот од природата“ од 2012 година, посветен на историјата на храната, јадењето и готвењето во Кина.

Во понеделник публиката ќе може да го види играниот филм „Равенка за љубовта и смртта“ по сценарио и режија на Баопинг Цао, снимен во 2012, а во наредните денови ќе бидат прикажани и играните филмови: „Двајца стануваат еден“ од 2006 во режија на Винг-чеонг Лоу; „Телефон“ на режисерот Сјаоганг Фенг снимен во 2003 и „Љубовен миг“ во режија на Гавин Лин од 2013 година.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска