Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија

Од:

Со прикажување на документарниот филм „76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами“ постхумно посветен на еден од најголемите ирански режисери од Сејфула Самадијан в петок во Кинотеката на Македонија ќе започнат Деновите на иранската кинематографија.

Во рамки на манифестацијата која е подготвена Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада, публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција – пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами.

По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот Шарам Мокри чиј филм „Риба и мачка“ – е добитник на Сребрен лав на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, како и неговата сопруга и сценаристка и режисерка Насим Самани.

Амбасадорот на Иран во Македонија Хосеин Карими на денешната прес-конференција истакна дека целта е промоција на иранската култура, како и зближување на односите и културната соработка меѓу двете земји и двата народа.

– Културата и уметноста добиваат на вредноста само кога не се ограничуваат во внатрешните граници, туку кога добиваат можност да излегуваат надвор од земјата и се презентираат пред други народи во други држави, а филмот еден од највлијателните медиуми во моментот кога се работи за културната соработка, истакна амбасадорот Карими.

Според режисерот Мокри, кој е ученик на Кијаростами, иранската кинематографија е она по што Иран е препознатлив денес во светот, покрај архитектурата и поезијата, а нејзиниот успех се должи на нејзината комплексност во прикажувањето на нештата и постоењето на многу филмски школи.

Тој истакна дека во моментов работи на постпродукцијата на неговиот нов филм „Инвазија“, како и на две нови сценарија заедно со неговата сопруга. Најави и можност неговиот следен филм да го снима во Македонија, за што веќе разгладал неколку локации за време на неговиот престој во земјава, а тоа вели ќе зависи и од обезбедување на потребните финансии.

За Кијаросами, Мокри вели, беше мил, чуден човек, од кого можело многу да се научи за режијата и филмот. Ќе ги памети ставовите ма учителот за тоа каков треба да биде пристапот на режисерот во креирањето на делото, за дигиталната камера која овозможила ново раѓање на кинематографија и инсистирањето на значењето на звукот како можеби, вели, позначаен аспект на филмот од сликата.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија покрај документарецот за Кијаростами ќе бидат прикажани и филмовите „Риба и мачка“ на Мокри, „Мелбурн“ од Нима Џавиди, „Полудениот топ“ на режисерот Аболхасан Даводи, кусометражниот „Однеси ме дома“ на Кијаросмаи и „Денеска од Реза Миркарими со кој ќе се заокружи манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ