Во Музеј на Македонија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на археологијата, во организација на Здружението „Археологика“.
Денот на археологијата е годишен настан кој се празнува низ целиот свет.
„Археологика” организира целодневен настан во кино салата на музејот со серија предавања од различни теми од археологијата, презентација на документарен филм, фотографии, размена на идеи и искуства, како и музика и забава на платото пред музејот.
Преку соработката со „Day of Archaeology” македонската археологија ќе биде презентирана и афирмирана низ целиот свет.