„МКЦ како институција под чија надлежност е работењето на кино Форисина и градското кино Милениум, е организатор на голем број од културните настани и програми и секогаш е на страната на добрата, позитивната и напредната култура и уметност. Секогаш се трудиме покрај нашата сопствена продукција, да бидеме максимално отворени и кон сите останати правни и физички чинители на нашето културно живеење.
И токму затоа не сакаме да бидеме мешани во никакви негативни, тенденциозни и зли намери и кампањи.
За жал, некој друг се обидува преку грбот на МКЦ да истера некои свои правдини, освојувајќи само неаргументирана, несериозна и ефтина популистичка видливост.
МКЦ со организаторот на фестивалот Киненова има потпишано Договор за одстапување на просторот (двете кино сали: Фросина и Милениум), Договор во кои се наведени правата и обврските на двете договорни страни, но и во кој може да се види дека МКЦ нема никаков увид во селекцијата, уредништвото и програмирањето на фестивалот Киненова. Па одтаму и не знаеме како само еден филм од програмата треба наеднаш да е предмет на различно толкување и одстапки од веќе потпишаниот Договор?
Го упатуваме режисерот Јани Бојаџи, сите свои прашања, потреби и услови за прикажување на својот филм да ги постави кај оние кои го поканиле и селектирале, и да се обиде со нив да ги расчисти сите услови околу учеството на неговиот филм на фестивалот.
МКЦ ниту има организациска , правна и програмска релација со филмот на режисерот Јани Бојаџи, ниту пак има намера и овластување за тоа со било кој друг автор, продуцент или дистрибутер кој е дел од програмата на фестивалот КинеНова.
Сметаме дека е чесно Јани Бојаџи јавно да се извини за својот превид, а воедно и очекуваме организаторот на фестивалот да го стори истото, посебно што истиот тој фестивал е исто така поддржан од јавни средства а тоа за нас подразбира заедничко позитивно и квалитетно делување во културата во нашата земја“, се вели во демантот на Младинскиот културен центар на изјавите на режисерот Јани Бојаџи.