Изложба на дела од Меѓународната Струмичка ликовна колонија беше отворена синоќа во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Станува збор за дела создадени во Струмица во рамките на 54 издание на оваа колонија, од 1 до 12 август 2017 година, во организација на Центарот за култура „Антон Панов“.
– Се работи за најстарата ликовна колонија во земјава со најголем број на ликовни дела. Во наредниот период следуваат уште многу културни настани, повеќе концерти од различни жанрови и премиера на театарска претстава, рече меѓу другото актерот Александар Малинков, директор на културниот дом.
Најновото издание на колонијата, веќе се подготвува во Струмица.